САД спремаат милијарда долари помош за Украина, Путин ги потсетува: „А Ирак и Авганистан?“
Белата куќа денеска се очекува да објави дека Вашингтон ќе и испрати финансиска помош на Украина во вредност од една милијарда американски долари, најави висок претставник на американската администрација.
Според истиот извор, до крајот на неделата САД би можеле да донесат одлука за воведување санкции кон Русија заради интервенцијата во Украина.
На Кримскиот Полуостров денеска беа исукани првите куршуми од страна на руските војници во знак предупредување. Украинските војници се повлекле од аеродромот Белбек во Севастопол, со цел да се избегне посериозен судир.
http://www.youtube.com/watch?v=6tFJKPHonm0
Прорускиот премиер на Крим Сергеј Аксјонов најави дека референдумот за отцепување на полуостровот од Украина би можел да се одржи и пред 30 март, како што се најавуваше претходно.
Додека очите на светот се вперени кон Москва, рускиот претседател Владимир Путин денеска одржа пресконференција посветена на ситуацијата во Украина, на која повеќе од еден час одговараше на прашањата на новинарите.
Тој оцени дека смената на власта во Украина била добро организирана в соработка со западните земји, а интервенцијата на Крим ја оправда со заканите кои властите на полуостровот ги добивале од радикални и профашистички структури.
„Ако Русија одлучи да тргне во воена акција, таа ќе биде легитимна. Наш интерес е да ги штитиме луѓето со кои имаме историски, културни и економски врски. Ова е хуманитарна мисија. Нема никому ништо да наредуваме, но нема да стоиме на страна ако луѓето се загрозени“, порача рускиот претседател.
Путин додаде дека постои можност Гаспром да ја прекине испораката на гас за Украина, но додаде дека „тоа нема да биде од политички причини, туку затоа што Киев не си го платил долгот за претходните испораки и сеуште не плаќа за тековните“.
Според Путин, во Украина се случило противуставно и оружено преземање на власта. „Нормално е луѓето да сакаат промени, но тие не смеат да ги наметнуваат на неегален начин“, изјави Путин.
Тој вели дека во деновите на превратот се слушал телефонски со Јанукович и побарал од него да не пука врз демонстрантите. За разрешениот украински претседател смета дека нема политичка иднина и оти не сочувствува со него, но му помогнал да ја напушти Украина од безбедносни причини.
„Често не обвинуваат дека сме немаме легитимитет за тоа што го правиме. Кога ќе ги прашам дали тие мислат оти имаат легитимитет за се што прават, одговараат: да. Тогаш ги потсетувам на Ирак, Авганистан, Либија...“, рече рускиот претседател.

Слично