Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сад со нови обвинувања кон Русија, овој пат за хакирање на нивната електродистрибутивна мрежа

Сад со нови обвинувања кон Русија, овој пат за хакирање на нивната електродистрибутивна мрежа

Америка повторно со обвиненија против Русија. Овој пат американската Администрација ја обвинува Русија за континуирана кампања на кибер напади врз електродистрибутивна мрежа на САД.

„Нападите од страна на руски хакери започнале во март 2016, а можеби и порано. Цел била американската инфраструктура - енергетски, нуклеарни и комерцијални постројки, како и објекти за водоснабдување, воздухопловство и производство“, стои во безбедносното предупредување што го објави Стејт департментот.

Според информациите кои ги споделија Федералното истражно биро (ФБИ) и Министерството за национална безбедност цел на „руски владини кибер напади“ биле и мрежите на помали комерцијални објекти.

„Во нив се вметнувале штетни програми за далечински влез во мрежите на енергетскиот сектор“, се вели во предупредувањето.

Москва за првпат е дирекно обвинета од страна на Вашингтон за ваква агресија во кибер просторот на американските индустриски сектори.

Официјални разузнавачки лица неодамна обвинија дека Кремљ непречено врши хакерски операции против Западот „кога и да посака“.

Од страна на Русија се негираат ваквите обвиненија и било каква вмешаност на руски владини службеници во хакерските напади. Од таму порачуваат дека ќе се преземе реципрочни мерки на новите санкции од Вашингтон.


Слично

Поврзани вести