САД се вклучија во арапската коалиција против шиитите во Јемен?
Борбени бродови на САД се приклучија на воздушните операции на коалицијата предводена од Саудиска Арабија и коалиција против шиитските бунтовници во Јемен, соопшти „PressTV“.
Изворот изјави за руските медиуми дека американските бродови учествувале во воздушните напади против шиитите во Јемен.
Американски бродови учествувале во воздушните напади над Сана, тие лансирале ракети, појаснил изворот.
Извпрот додал уште дека воени авиони на Саудиска Арабија не успеале да погодат магацини со оружје на хусите и дека американските бродови им помогнале во таа цел.
За прв пат се споменува директно американско учество во конфликтот во Јемен.
Претседателот на САД, Барак Обама изрази поддршка за операцијата ден по отворањето на воената кампања на 25-26 март.
Денес при воздушни напади од страна на арапската коалиција загинале најмалку 35 лица, а најмалку 25 се повредени. Била погодена фабрика за храна во западна провинција во Јемен.
Според ОН најмалку 62 деца се убиени, а повеќе од 30 се повредени во Јемен од почетокот на бомбардирањето.
Во операцијата учествуваат Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Бахреин, Катар, Јордан, Мароко, Судан, Пакистан и Египет. САД обезбедила логистичка поддршка.
Ријад ја започнал кампањата во Јемен со цел обновување на власта за претседателот Абед Мансур Хади, кој избега од хусите кои го заземале главниот град Сана и други територии во земјата.
