САД се спрема за невидена снежна бура
Невидена снежна бура се заканува на североисточниот дел на САД во следните 48 часа, предупредуваат метеоролозите. На потегот од Филаделфија до Мејс најавуваат снежна прекривка до 100 сантиметри.
Невремето ќе ги зафати и и Њујорк и Бостон, а се предвидуваат силни ветришта, снежни наноси и поплави.
Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио вели дека ова може да биде најголемата бура во историјата на градот и оти граѓаните не смеат да ја потценат.
Неколку авиокомпании ги откажаа летовите за дестинации на истокот на САД.
Слично
