Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД се обидува да ја избегне најгорната граница на долгот

САД се обидува да ја избегне најгорната граница на долгот

Сите мерки за вонредни состојби со кои располага, почна да ги користи американскиот министер за финансии Џејкоб Лу, за да се избегне достигнувањето на најгорната граница на долгот.

Во писмо до лидери во Конгресот од синоќа, Лу истакна дека започнал да ги користи последните три инструменти, за да обезбеди дополнително место за земање заеми за плаќање сметки на земјата.

Според него, нема други „законски и разумни“ можности за проширување на правото за зголемување на долгот.

Лу го извести Конгресот на 25 септември, дека мерките за вонредни ситуации ќе бидат исцрпени не подоцна од 17 октомври и оти до тој датум Владата ќе располага со околу 30 милијарди евра готовина.

Слично

Поврзани вести