Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД сакаат да се вклучат во операцијата на НАТО во Егејското Море

САД сакаат да се вклучат во операцијата на НАТО во Егејското Море

САД се подготвени да се вклучат во операцијата на НАТО во Егејското Море, со цел пресекување на патот на илегалните мигранти кон ЕУ.

Ова го соопшти денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, по првиот ден од состанокот на министрите за надворешни работи од Алијансата. Тој вели дека можат да придонесат со средствата со кои располагаат.

„Ни се придружија сили од Канада, и изразена е подготвеност за вклучување на САД. НАТО обезбедува политичка платформа за соработка, и претставува важен канал за собирање на информации, кои ќе бидат искористени од меѓународната коалиција против Исламска држава"- рече Столтенберг.

Тој изјави дека што се однесува на Либија, не се усвоени решенија, но продолжува подготовката за обезбедување на поддршка од Алијансата за надградба на новите локални сили за безбедност и институции. Додава дека таква помош ќе им биде дадена доколку добијат покана од либиската влада.

Слично

Поврзани вести