Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД размислува да им плати на жителите на Гренланд за спојување, позната е сумата

САД размислува да им плати на жителите на Гренланд за спојување, позната е сумата

Администрацијата на aмериканскиот претседател Доналд Трамп би можела да им плати на жителите на Гренланд до 100.000 долари за да се приклучат на САД. 

Администрацијата разговараше за исплата на жители на Гренланд помеѓу 10.000 и 100.000 долари по лице, во обид да ги убеди да се отцепат од Данска и потенцијално да се приклучат кон САД.

Според американски медиуми, администрацијата не постигнала конечен договор за сумата што потенцијално би ја понудила или за логистиката за обработка на плаќањата.

Претходно оваа недела, американскиот државен секретар, Марко Рубио, ја отфрли можноста за употреба на воена сила за преземање на островот, нагласувајќи дека Вашингтон наместо тоа би сакал да ја купи територијата, што во моментов е данска територија.

Американскиот потпретседател Џеј ди Венс изјави дека Гренланд е клучен за одбраната на САД и светот од потенцијални руски или кинески ракетни напади, остро критикувајќи ја Европа и Данска дека „не ја вршат добрата работа“ во обезбедувањето на стратешката област. 

Претходно, Белата куќа потврди дека „активно“ размислува за купување на Гренланд, полуавтономна данска територија, објави Би-Би-Си.

foto Wikipedia/ Quintin Soloviev

Слично

Поврзани вести