Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД разгледува нови санкции за Русија

САД разгледува нови санкции за Русија

Претседателот на САД Барак Обама во наредните денови ќе ги процени чекорите кои понатаму ќе се преземат во врска со украинската криза, вклучувајќи го и наоружувањето на украинските сили и санкции против Москва, соопштува американскиот државен секретар Џон Кери.

„Проценувам дека во текот на наредните неколку дена, претседателот Обама ќе го процени изборот кој го има и ќе донесе одлука какви чекор ќе преземе“, рекол Кери на конференцијата за новинари.

„Водевме сериозна дискусија со европските партнери за тоа какви би биле следните чекори кога се санкциите во прашање и кога тоа би било спроведено во дело“, додал Кери.

Како што наведува Би-Би-Си, Обама и Кери во текот на посетата на Лондон разгледувале „сериозни санкции“ против Русија, поради последниот развој на судирите на истокот од Украина.

Кери исто така, ја обвинил Москва за „какавчилук“ поради поддршката на проруските сили во Украина и непочитување на примирјето договорено во Минск.

Украина и САД ја обвинуваат Русија за мобилизација на војници и оружје на истокот од Украина во судирите кои се продолжение и покрај официјалното стапување на сила прекинот на огнот на 15 февруари.

Слично

Поврзани вести