САД расте, стигнува до 315 милиони жители
Бројот на жители во САД на Нова година ќе изнесува 315 милиони лица, објави синоќа федералното Биро за демографија. Според прогнозите, во јануари 2013-та во земјата ќе има 2,3 милиони повеќе граѓани што е пораст од 0,73 отсто во споредба со 1 јануари 2012.
„Во јануари 2013 година се очекува по едно раѓање на секои осум секунди во САД и една смрт на секои 12 секунди“, стои во соопштението на Бирото за демографија. Точните прогнозни податоци за 1 јануари догодина се дека САД тогаш ќе имаат 315.091.138 граѓани.
Демографската агенција исто така предвидува дека малцинствата, кои сега се 37 проценти од населението, во 2060 година ќе бидат 57 отсто.
Слично
