Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД пред економски бум!?!

САД пред економски бум!?!
Надминувањето на фискалниот јаз и решавањето на краткорочните фискални проблеми на САД може да доведат до економски бум, смета извршниот директор на американската банка „JPMorgan Chase“,  Џејми Димон. „ Основата на бизнисот е доволно силна, станбениот сектор изгледа дека остварува пресврт во позитивна насока, а потрошувачите продолжуваат да трошат", изјави Димон. Според него ако се надминат краткорочната „финансиска бездна“ и долго-акумулираните фискални проблеми, може да дојде довистински економски бум. „Секој семафор на пазарот на домување свети зелено, а ова како сектор може да се претвори во силен мотор на економијата и да создаде многу нови работни места“, истакна менаџерот. Според него, ако владата и бизнисот соработуваат, има многу поголема шанса за придвижување на работите. Некои проценки укажуваат дека американската економија ќе се намали меѓу 3% и 4%, ако политичарите не најдат начин за избегнување на стапувањето во сила на федералните буџетски скратувања и укинување на даночните олеснувања од времето на претседателот Џорџ Буш помладиот на почетокот на следната година, познато и како "фискален јаз". Според него Европа, која се бори со својата должничка криза, треба да постигне подобрување во однос на националните долгови, да пресече евентуален банкрот на банките во Шпанија и Италија и да ги преработи законите за управување со финансиската дејност. „Во Европа има волја, но е тешко да се дојде до решение", смета тој. „Во САД имаме решенија - нешто од типот на предлозите Симпсон-Баулс - но ни недостасува волја“, истакнува Димон.
Слично

Поврзани вести