САД подготвуваат масивни сајбер напади против Русија
Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама се заканува дека ќе започне масивна сајбер војна против Руската Федерација во одговор на претпоставената интервенција на земјата во претседателските избори, пишува весникот New York Post, повикувајќи се на потпретседателот на САД Џо Бајден.
Според зборовите на Бајден, САД испраќа порака до рускиот претседател Владимир Путин дека ќе започне широка, „тајна“ сајбероперација против неговата земја.
- Имаме капацитет да го направиме тоа. Ќе се случи кога ќе решиме и во околности кои ќе покажат најголемо влијание, изјави заменик-претседателот Бајден.
Слично
