САД подготвува војници за во Европа
САД ја разгледуваат можноста за испраќање на околу 150 војници на воени вежби кои во наредните неколку недели ќе почнат во Полска и Естонија, изјави неименуван извор на Пентагон.
Американскиот министер за одбран Чак Хејгл пред неколку дена изјави дека САД бараат начин да ги смират своите сојузници во НАТО во поглед на својата посветеност на заедничката одбрана.
Портпаролот на Пентагон Џон Кирби само потврди дека американски претставници разгледуваат низа дополнителни мерки за унапредување на својата воена подготвеност во Европа.
Слично
