Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД побара од Украина да не ги напаѓа руските рафинерии

САД побара од Украина да не ги напаѓа руските рафинерии

Соединетите Американски Држави ја повикаа Украина да ги запре нападите врз руската енергетска инфраструктура и предупредија дека нападите со беспилотни летала може да предизвикаат одмазда и да ги зголемат глобалните цени на нафтата, објави денеска „Фајненшл тајмс“, цитирајќи луѓе запознаени со ова прашање. Се верува дека до сега украинската безбедносна служба има нападнато 12 руски рафинерии.

Нападите помогнаа да се покачат цените на нафтата, кои се зголемија за речиси 4 отсто од 12 март, кога Украина првпат почна да ја таргетира руската енергетска инфраструктура.

Понатамошниот пораст на цените на бензинот во Соединетите Држави ќе го ослабне рејтингот на претседателот Џо Бајден и ќе ги поткопа неговите изгледи за реизбор.

Русија и Украина користеа беспилотни летала за напад на клучните инфраструктури, воени инсталации и концентрации на војници во повеќе од две години војна, при што Киев во последните месеци ги таргетираше руските рафинерии и енергетски објекти.

Русија во петокот го изврши својот најголем напад со ракети и беспилотни летала врз енергетската инфраструктура на Украина до денес, погодувајќи ја најголемата брана во земјата и предизвикувајќи прекин на електричната енергија во неколку региони, соопштија властите во Киев.

Украинската државна хидроенергетска компанија објави дека во рускиот удар била погодена најголемата брана во Украина, ДнипроХЕС во Запорожје, но дека нема опасност од пукање, а зафатена е и електроенергетската инфраструктура во другите региони.


Слично

Поврзани вести