САД осудија Русин на доживотна казна поради тероризам
Граѓанинот на Русија, Ирек Хамидуллин е осуден во САД на доживотен затвор поради напад на американските воени цели и учество во редовите на авганистанските талибанци. Кон најстрогата казна се додаваат уште 30 години поради заговор да бидат симнати американски хеликоптери, убиени американски и авганистански војници, а исто така и заговор да биде употребено оружје за масовно уништување“, се вели во пораката.
50-годишниот Ирек Илгиз Хамидулин, државјанин на Русија и поранешен командант на тенковскиот екипаж од руската армија ја добил пресудата денес од судот во Ричмонд, Вирџинија, објави „Bloknot.ru“.
Претходно Хамидулин беше прогласен за виновен и како учесник во редовите на „Талибан“ и „Ал Каеда“. Обвинителството на САД го дефинира како „харизматичен проповедник на радикалните ставови, кој пропагира исламско насилство“.
„Во текот на добро смислена, предмисла и внимателно обмислен чин на напад Хамидулин го предводи нападот против авганистанската војска, на чело со талибанците, од кои повеќето ги предводи сам. Целта била да бидат убиени авганистански гранични полицајци помагајќи им на американски војници“, изјавил обвинителот Дан Боенте.
Граѓанинот на Русија, Илгиз Хамидулин бил фатен во Авганистан во ноември 2009 година.
