Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД ОСТАНУВА НЕПРИЈАТЕЛСКА ЗЕМЈА: Путин не планира да му честита на Трамп

САД ОСТАНУВА НЕПРИЈАТЕЛСКА ЗЕМЈА: Путин не планира да му честита на Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин не планира да му честита на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, затоа што САД е непријателска земја. 

Кремљ ја призна јасната победа на Трамп, но вели дека не знае за какви било планови на Путин да му честита. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека САД остануваат непријателска земја.

Песков рече дека Москва внимателно ги следи настаните и ги анализира изјавите на американските политичари за Русија додавајќи дека односите меѓу двете земји се на историски ниско ниво.

Трамп тврдеше дека ако дојде на власт, ќе стави крај на војната во Украина.  Повеќето лидери му честитаа на Трамп.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му честиташе на Трамп и рече дека со нетрпение чека лично да му честита. 

Слично

Поврзани вести