Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД оптимисти за напредокот на преговорите со Куба

САД оптимисти за напредокот на преговорите со Куба
Американскиот претставник во преговорите за обновнување на дипломатските односи со Куба, Роберта Џејкобсон изјави дека по вториот круг од разговорите тие биле конструктивни и дека е можно наскоро двете страни да отворат амбасади, и тоа пред Самитот на Јужна и Северна Америка. Џејкобсон сепак смета дека и покрај напредокот во вториот круг од преговорите, кој се одржа вчера во Вашингтон, се уште има сериозни несогласувања меѓу двете страни. На Самитот, кој ќе се одржи на 10 и 11 април во Панама, се очекува да присуствуваат американскиот претседател Барак Обама и кубанскиот претседател Раул Кастро.   Љ.Н.
Слично

Поврзани вести