Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД одобрија нова продажба на оружје за Украина, пакетот вреден над 373 милиони долари

САД одобрија нова продажба на оружје за Украина, пакетот вреден над 373 милиони долари

Соединетите Американски Држави одобрија потенцијална продажба на оружје и воена опрема за Украина во вредност од 373,6 милиони долари, односно околу 319,5 милиони евра.

Според соопштението на Стејт департментот, станува збор за пакет во рамки на програмата за странски воени продажби, кој вклучува комплети „JDAM-ER“ за бомби со ГПС-наведување и продолжен дострел, како и придружна опрема.

Продажбата опфаќа 1.200 опашни комплети „KMU-572 JDAM“ и 332 комплети „KMU-556 JDAM“, системи за детонација, резервни делови, логистичка поддршка и техничка документација.

Од Вашингтон наведуваат дека предложената продажба треба да ја зајакне безбедноста на Украина и да ги поддржи надворешнополитичките и безбедносните цели на САД во Европа.

Слично

Поврзани вести