Одблокирани 500 милиони долари помош за Палестинците
500 милиони долари помош за Палестинците која неколку месеци беше замрзната од страна на американскиот Конгрес сепак ќе стигнат до нив .
„Засега имаме предвидено 295,7 милиони помош во буџетот за 2012 година и 200 милиони во буџетот за 2013 година“, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент Викторија Нулад.
Притоа, пренесе БТА помошта во буџетот од 2012 година вклучува 195,7 милиони долари за економска, хуманитарна и помош за развој преку Американската агенција за меѓународен развој (USAID) и 100 милиони долари наменети за борбата против дрогата.
200 милиони долари пак од буџетот за 2013 година, ќе бидат исплатени како директна помош за палестинскиот буџет.
Слично
