САД одбележуваат 14 години од нападите на 11 септември
Америка денеска ја одбележува 14-годишнината од нападите од 11 септември, во кои загинаа околу 3.000 луѓе. По повод годишнината во Пенсилванија беше отворен мемориалeн центар во спомен на жртвите од летот 93.
Комплексот во Шанксвил е посветен на патниците кои не им дозволуваат на терористите да ја достигнат наводно крајната цел, имено зградата на Конгресот во Вашингтон.
Пред 14 години на овој ден киднапиран од Ал Каеда лет се урна во Пенсилванија, загинаа 40 патници и членови на екипажот, како и киднаперите.
Во музејот во 10 основни изложености посетителите можат да видат артефакти од секој еден од киднапираните летови, но фокусот е ставен на личните приказни на патниците од летот 93, вклучувајќи и записи од телефонските разговори со нивните блиски за време на трагедијата.
Денес во Вашингтон претседателот Барак Обама, првата дама и службеници од администрацијата ќе имаат минута молчење на јужниот тревник на Белата куќа, а подоцна претседателот ќе се сретне со војници во Форд Мид, Мериленд.
Во меѓувреме "Њујорк тајмс" објави отпечатоци од имејл преписка во Белата куќа во првите минути по нападите против кулите на Светскиот трговски центар на 11-ти септември 2001 година.
Од нив е видлива конфузијата и шокот во несреќниот ден. Рутината е нарушена со голем број кратки писма како пораката во 8.56 наутро: "Пуштете Си Ен Ен", набргу откако првиот авион удри во една од кулите.
Во друг имејл се прави споредба со Перл Харбор, а меѓу останатите има такви кои откажуваат едно по друго закажани настани и организираат итни состаноци.
Нема регистрирани конкретни или веродостојни закани поврзани со годишнината од нападот на 11-ти септември 2001 година, изјави Федерално биро за истраги. Директорот на ФБИ Џејмс Коми соопшти дека службите ги следат внимателно заканите од "Ал Каеда" или "Исламска држава".
Во меѓувреме маж од Флорида беше уапсен и обвинет дека размислувал да активира бомба на комеморативна манифестација во Канзас по повод годишнината од терористичките напади, соопшти Ројтерс, повикувајќи се на Министерството за правда.
