САД од полноќ со намален буџет
Американскиот претседател Барак Обама денеска ќе чека до последната минута за да издаде наредба за автоматските буџетски кратења од околу 85 милијарди долари кои би требало да стапат во сила. Откако Белата Куќа и републиканците во Конгресот не успеаја да ги надминат разликите за справувањето со долгот на земјата,кратењата на домашното и одбранбеното трошење се речиси сигурни. Долгот на САД е 11, 7 билиони долари.
Овие кратење се навистина ригорозни се со цел да ги натера демократите и републиканците да постигнат компромис. Воведени се пред две години и со нив е предвидено кратења од 5 насто кај домашните агенции и 8 проценти кај Пентагон во периодот меѓу 1 март и 1 октомври.
Слично
