САД нудат награда од 10 милиони долари за информации за иранските лидери, вклучувајќи го и Хамнеи
Владата на САД понуди награда до 10 милиони долари за информации за клучните ирански лидери, вклучувајќи го и новиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи.
Наградата, објавена од програмата „Награди за правда“ на Стејт департментот, доаѓа во време кога продолжува американската и израелската воена кампања против Иран и откако ајатолахот Али Хамнеи и други високи ирански функционери беа убиени.
Во известувањето се наведува дека се бараат информации конкретно за Моџтаб Хамнеи, неговиот заменик-началник на кабинетот Али Асгар Хеџази, неговиот воен советник генерал-мајор Јахја Рахим Сафави, неговиот советник Али Лариџани, министерот за внатрешни работи бригаден генерал Ескандар Момени и министерот за разузнавање и безбедност Есмаил Хатиб.
Дополнително, се бараат информации за четири неименувани и непознати функционери на Револуционерната гарда - секретарот на Советот за одбрана, советникот на врховниот лидер, шефот на воената канцеларија во канцеларијата на врховниот лидер и командантот на Револуционерната гарда.
„Овие лица командуваат и насочуваат разни елементи на Гардата кои планираат и организираат тероризам низ целиот свет“, се вели во соопштението.
Во известувањето за награда објавено на социјалната мрежа X се додава дека информациите за бараните лица би можеле да ги направат оние кои ги обезбедуваат „подобни за преселување“.
