Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД: Нови 155 илјади работни места создадени во декември

САД: Нови 155 илјади работни места создадени во декември
Состојбата на американскиот пазар на труд продолжува  постепено да се подобрува. Економијата на САД создала 155 000 нови работни места во декември, а невработеноста во земјата останува без промена на ниво од 7,8%. Прелиминарните очекувања на економистите беа малку повисоки, но повеќето основни индустрии има мала промена во споредба со претходни нивоа. Здравството и секторот на услугите можат да се пофалат со најголем раст во бројот на нови работни места во текот на минатиот месец. Првично објавеното ниво на невработеност за ноември беше 7.7%, но денеска е ревидирана до 7,8%, што значи дека во декември нивото на невработеност во САД останало без промена.
Слично

Поврзани вести