САД негираа дека ја бомбардирале сириската армија
Американската воена коалиција негираше дека бомбардирала позиции на сириската армија. „Ги видовме сириските извештаи, но ние не сме извршеле воздушни напади во овој дел на Деир Езор вчера. Па не гледаме докази“, изјавил портпаролот на коалицијата полковникот Стив Ворен.
Според него единствените удари на Западот во регионот во текот на овој ден биле на 55 километри од местото каде што се случил наводно тој инцидент.
Претходно сириската армија, како и прозападната невладина организација, соопштија дека во американските воздушни напади била засегната базата на армијата на Башар Асад. Во различните извештаи за убиените војници се тројца или четворица. Нападите биле нанесени од 4 авиони на западната коалиција, кои истрелале 9 проектили против таборот на владината армија.
Според соопштението на Сирискиот центар за човекови права, со седиште во Велика Британија, кампот се наоѓал во западната провинција Деир Езор, „на околу 2 километри од регион, контролиран од групата „Исламска држава“.
Руската агенција „ТАСС“ тврди дека воздушниот напад е грешка.
