САД не памети полошо, се помалку работни места
Работодавачите во САД во април отвориле најмалку работни места во последните три години.
Бавниот раст и нестабилниот пазар штети на вработувањата. Во април отворени се 156.000 работни места што претставува пад во однос на март кога се отворени 194.000 работни места. Во преработувачкиот сектор во април се затворени 11.000 работни места, откако во март беа отпуштени 3.000 работници. Во услужните дејности се отворени 166.000 работни места во април, што е намалување во однос на март кога во овој сектор биле отворени 189.000 работни места.
Слично
