Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД не може да се одбрани од напад на Северна Кореја?

САД не може да се одбрани од напад на Северна Кореја?

Северна Кореја брзо разви ракетна технологија, а тоа е алармантно за САД. 

Конгресменката Елиз Стефаник вели дека копнените системи на против-ракетна одбрана не се во состојба да ги одбранат Соединетите Американски Држави од евентуален масовен нуклеарен напад.

Во својот авторски текст за „Вашингтон Егазминер“ објаснува дека заканите по САД доаѓаат од различни фронтови и тие земји планираат да го зголемат своето геополитичко влијание и да ги поткопаат националните интереси на САД.

Американските власти, вели дека мора итно да донесат одлука за обезбедување на целата нација.

Стефаник потсети дека од 18 тестирања на против-ракетниот штит на САД, само 10 биле успешни, иако ниту еден од тестовите не бил реализиран во услови на имитација на еден реален нуклеарен напад. Вели дека против-ракетната одбрана на САД се обидува „да удри во куршум со куршум, а во еден таков случај не постои место за грешка“.

Слично

Поврзани вести