САД не го признаваат референдумот до Доњецк и Луганск
САД денеска објавија дека не го признаваат „илегалниот референдум“ за отцепување на источните делови на Украина. Портпаролката на американскиот Стејт департмент Џен Псаки изјави дека гласањето што го организираат „проруските елементи“ во Доњецк и Луганск е само „обид да се предизвика натамошна поделба во земјата“.
„Не го признаваме илегалниот референдум, кој според украинскиот закон е незаконски“, нагласи Псаки. Референдумот го отфрлија и властите во Киев, нарекувајќи го „фарса“, а осуда стигна и од Европската унија.
Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј го осуди „сепаратистичкото гласање на југоистокот на Украина“. „Ние не ги признаваме вчерашните таканаречени референдуми. Тие се нелегални, нелегитимни и неверодостојни“, изјавил Ван Ромпуј.
Сепак, во меѓувреме, „Доњецката Народна Република“ се прогласи за суверена држава, а „Луганската Народна Република“ прогласи независност од Украина.
Слично
