САД не ги почитува климатските обврски од Париз, ама ќе преговарале
Американската влада донесе чудна одлука со која делумно се амортизира избрзаниот чекор на Доналд Трамп да ја повлече САД од Парискиот климатски договор кој беше оценет како историски бидејќи сите големи земји загадувачи презедоа обврски за намалување на емисиите на јаглерод со цел да се спречи рапидното зголемување на просечната највисока температура која и се заканува на планетата.
– САД ќе продолжат да учествуваат во меѓународните преговори и состаноците посветени на климатските промени, со цел да ги заштитат американските интереси и да обезбедат сите опции во идната политика да останат отворени за американската администрација, се наведува во соопштението.
Стејт департментот додава дека „таквото учество вклучува и актуелни преговори поврзани со примената на Парискиот договор“.
Вашингтон ќе учествува на следната годишна конференција на ОН околу прашањата поврзани со климата во ноември во германскиот град Бон.
Инаку преговорите што се однесува на Парискиот договор се завршени и меѓународната заедница предводена од претседателот Макрон јасно им порача на САД дека нема никаков простор за реотварање на преговорите.