САД не дале согласност за воена соработка со Русија во Сирија
САД не дале согласност за соработка со Русија во борбата против „Исламска држава“ и тоа е невозможно додека Москва продолжува да нанесува удари по други цели, изјавил во Рим министерот за одбрана Ештон Картер, цитиран од американските медиуми.
САД се подготвени да водат технички разговори со Русија со цел да се осигура безбедноста на летовите над Сирија. „Тоа е“, изјавил Картер на заедничката прес-конференција со италијанската министерка за одбрана Роберта Пино.
„Тие продолжуваат да бомбардираат цели кои не се закана. Според нас ова е фундаментална грешка“, изјавил американскиот министер за одбрана и ја окарактеризира стратегијата на Русија во Сирија како „трагична грешка“.
Картер изрази загриженост од започнатата сириска копнена офанзива денес, поддржана од руската авијација.
Руското Министерство за одбрана изјави претходно во текот на денот, дека тоа е одговор на барањето на Пентагон и ги разгледува предлозите на Американците да се координираат активностите во рамките на борбата против терористичката група „ИД“ во Сирија. „Општо земено овие предлози може да бидат прифатени за реализација“, изјавил портпаролот Игор Конашенков.
„Треба само да се прецизираат некои технички детали за кои ќе се разговара денеска со претставниците на руското воено министерство и на Пентагон на експертско ниво“, додал тој.
