САД на чекор до прогласување платежна неспособност
Се поблизу до прогласувањето платежна неспособност се САД, откако претседателот на Долниот дом на Конгресит, Џон Бејнер, категорично ја исклучи можноста за усвојување закон што ќе и овозможи на Администрацијата да зема кредити, доколку претседателот Барак Обама не направи отстапки.
Според американскиот секретар за финансии Џејкоб Лу Конгресот „си игра со оган“ поради што ги повика конгресмените брзо да го усвојат законот, што ќе и овозможи на Администрацијата повторно да почне со работа и да се зголеми лимитот на државниот долг.
Лу изјави дека Обама и натаму е против прифаќање на барањето на републиканците за промени во Законот за здревствена заштита и за намалување на буџетските трошоци, во замена за усвојување на закон што ќе овозможи нормално функционирање на владините служби и зголемување на лимитот за земање кредити.
Бејнер нагласи дека претседателот треба да преговара, ако сака да заврши парализата на државната администрација и да се избегне прогласувањето инсолвентност, што може да предизвика финансиска криза и рецесија како во 2008 година.
