САД му напишаа „смртна пресуда“ на германски гигант?
Најновите отпуштања се во најпогодениот главен оперативен сектор на банките, а остатокот се однесува на други одделенија.
Дојче Банка е под голем притисок од средината на септември, од кога САД бараат да плати 14 милијарди долари на име порамнување во однос на тужбата за нелегално тргување со хипотеки во пресрет на глобалната финансиска криза во 2008 година.
Меѓутоа, како што се пишуваше, најголемата германска кредитна банка брзо потпишала спогодба со американските власти за парична казна од 5,4 милијарди евра.
Компанијата оттогаш се обидува да ги увери инвеститорите и работниците дека нејзините финансии се доволно силни да поднесат толку голема парична казна, наведува БиБиСи.
За да ги зајакне своите финансии, банката распродава имот и спроведува мерки на штедење.
Во соопштението по повод последниот бран на отпуштања, Карл вон Рор, член на Управниот одбор на Банката рекол дека константно се применува стратегијата која оваа финансиска установа ќе ја направи поефикасна. Тој додал дека отпуштања ќе бидат спроведени на социјално одговорен начин.
Да потсетиме и дека акциите на Дојче банка паднаа на рекордно ниско ниво после загрижноста дека нејзиниот резервен капитал би можел да биде загрозен поради се поголемиот број на правни спорови.
