Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД лани со рекорден извоз на оружје

САД лани со рекорден извоз на оружје
Извозот на оружје и воена техника од САД достигна рекордно високи 70 милијарди долари во 2012 година, соопшти Ендрју Шапиро, помошник државен секретар за воено-политички прашања. Минатата година за САД е најдобра во историјата во однос на продажбата на оружје во странство, истакна Шапиро. За споредба , во 2011 година извозот на американско оружје бил во вредност од околу 30 милијарди долари. Според Шапиро, лани американските власти издале над 85 000 лиценци за „директна комерцијална продажба на оружје“. Освен тоа, во текот на активностите за реформирање на режимот за контрола на извозот,  САД суштински го скратија времето за разгледување на барањата за издавање на дозвола за извоз на оружје од 40 до 60 дена пред неколку години, на само 17 дена во 2012 година Американските оружје продолжуваат се најбарани во Блискиот Исток и Азија, но компаниите од САД овде се соочуваат со жестока конкуренција од страна на европските производители, посочи Шапиро кој додава дека Сингапур, Индонезија и Австралијасе клучни американски трговски партнери во овој поглед во последниве години.
Слично

Поврзани вести