САД лани извезле вино за рекордни 1,43 милијарди долари
Извозот на вино од САД порасна во 2012 година, трета година по ред, донесувајќи рекордни приходи од 1,43 милијарди долари, соопшти Институтот за вино со седиште во Сан Франциско.
Институтот наведува дека 90% вино за извоз доаѓа од Калифорнија. Европската унија и понатаму е главен пазар за вино од Калифорнија, бидејќи на таа група земји отпаѓа околу 34% од вкупната продажба на виното.
Раст на продажбата на калифорниското вино исто така е забележан во Канада и Азија
Слично
