Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД ќе воведе санкции за секоја земја што ќе му даде азил на Сноуден

САД ќе воведе санкции за секоја земја што ќе му даде азил на Сноуден
Било која земја што ќе одлучи да му даде азил на поранешниот соработник на НСА, Едвард Сноуден, ќе се соочи со санкции од CАД, јавува АП. Ваква одлука вчера донел Американскиот конгрес. Мерките што ги предложила републиканската сенаторка Линдзи Греам, подразбираат координација меѓу Конгресот и Стејт департментот при воведувањето санкции за државите што би му помогнале на Сноуден да ја избегне екстрадицијата во САД. САД го бараат Сноуден поради обелоденување доверливи информации од програмата „Призма“ за прислушување и набљудување на голем број американски и европски државјани. Досега на Сноуден азил му понудија Венецуела, Боливија и Никарагва.  
Слично

Поврзани вести