САД ќе работи против користењето на енергетските ресурси како политичко оружје
Америка ќе соработува со Украина и останатите сојузници за спречување на земјите како Русија да ги користат енергетските ресурси како „политичко оружје“, соопшти Белата куќа.
Американскиот заменик претседател Џо Бајден во телефонски разговор со украинскиот премиер Арсениј Јацењук изјави дека помошта на САД и останатите земји ќе и овозможат на Украина да ги задоволи најитните потреби, се наведува во соопштението на Белата куќа.
Бајден нагласи и дека претседателските избори на 25 мај во Украина треба да бидат фер и слободни и повика земјата да спроведе уставни реформи.
Претседателот Барак Обама во четвртокот потпиша нацрт закон за кредит од милијарда долари на Украина. Меѓународниот монетарен фонд минатиот месец најави кредит од 14 до 18 милијарди долари за Украина.
