Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД ќе стане лидер во производството на нафта до 2020 година

САД ќе стане лидер во производството на нафта до 2020 година
До 2020 година САД ќе ја  стигне Саудиска Арабија и ќе стане најголемиот производител на нафта во светот, прогнозира Меѓународната агенција за енергетика , пренесува „MarketWatch“. Оваа радикална промена ќе ги трансформира не само светскитата набавка со енергенси, туку и целата геополитика, дополнуваат од Агенцијата. Како резултат на ова ќе се намали увозот на нафта во САД, а  до 2030 година веројатно земјата ќе стане и извозник на сурова нафта. Во редовниот годишен извештај за изгледите на светската енергетика, Агенцијата наведува дека светската енергетска мапа во моментов се менува поради зајакнувањето на производството на нафта и гас во САД. Мислењето на Агенцијата е радикално поинакво  од минатогодишната прогноза. Тогаш се предвидуваше натпревар меѓу Русија и Саудиска Арабија. Оваа промена се должи на развојот на јаглеводородните ресурси на Америка, заробени во карпите, посочуваат од Агенцијата за енергетика. Од нив подоцна се создава нафтата.  
Слично

Поврзани вести