САД ја продолжуваат борбата против Исламската држава
Американскиот претседател Барак Обама денеска го осуди бруталното егзекутирање на американскиот новинар Џејмс Фоли и порача дека САД ќе ги продолжи борбите против Исламската држава и покрај сите закани.
„Цел свет е згрозен од бруталното убиство на Џејмс Фоли“, рече Обама на конференцијата за новинари денеска бидјеќи припадниците на Исламската држава Ирак и Левант поставиле на интернет видео снимка на која се гледа како го обезглавуваат Фоли.
„Ниеден праведен бог не би застанал зад она што го направија тие“, оценува американскиот претседател, пренесуваат агенциите.
Обама рекол дека Исламската држава киднапира жени и деца, да ги мачи, слилува, поробува и убива, дека главна мета им се христијаните и други малцинства, а крајната цел им е геноцид.
Тој ја нарече Исламската држава „канцер“, а нивната идеологија пропадната.
САД, според неговите зборови, ќе продолжи да прави се што мора само за да го заштити својот народ.
Обама додаде дека разговарал со семејството на Фоли и им упатил сочуство.
Фоли (40) бил киднаприран во ноември 2012 година на северот од Сирија, а џихадиските екстремисти го егзекутирале, како што наведуваат поради одмазда за американските воздушни напади во Ирак.
