Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД ја предупредиле Полска за можен руски напад

САД ја предупредиле Полска за можен руски напад

Полска е во состојба на зголемена претпазливост по информации дека американските разузнавачки служби ја предупредиле Варшава за можен руски напад или вооружена провокација врз полска територија.

Полскиот премиер Доналд Туск порача дека земјата мора да биде подготвена за различни безбедносни сценарија.

„Не сакам никого да заплашувам, но пред нас би можеле да бидат навистина клучни месеци“, изјави Туск, нагласувајќи дека војната се менува, а загриженоста е особено силна во балтичките држави.

Според полскиот портал „Онет“, САД во повеќе наврати ја предупредиле Полска дека Москва би можела да изведе ограничена воена акција со цел да ја тестира подготвеноста на НАТО.

Како можни сценарија се споменуваат напади со дронови или ракети врз инфраструктура, како и ограничено испраќање руски сили на територија на земја членка на Алијансата.

Туск порача дека Полска не смее да ги игнорира предупредувањата од сојузниците и дека државата мора да биде подготвена за сите околности.

Слично

Поврзани вести