САД ја поздрави независноста на Украинската православна црква
Американскиот Стејт департмент ја поддржа одлуката на Цариградската патријаршија во Истанбул да го одобри барањето на Украина за признавањето на "автокефална" или независна црква, а истовремено го пофали патријархот Вартоломеј како "Глас на верска толеранција и меѓуверски дијалог".
Запрашан за коментир за најавата на Руската православна црква дека ќе ги прекине односите со Цариградската патријаршија околу одлуката, официјален претставник на Стејт департментот рече дека американската администрација го поддржува правото на верска слобода во Украина, како и територијалниот интегритет на земјата.
Заканите од Руската патријаршија САД ги гледа како прикажување на сила од страна на Москва откако украинската црква доби независност.
