САD ја победи Кина во златни медали во финишот на Олимписките игри во Токио
САД ја победи Кина за еден златен медал во самиот финиш на Летните олимписки игри во Токио.
Пресвртот во рангирањето во последниот ден го направија американските одбојкарки, кои во финалето ги совладаа Бразилките со резултат 3:0.
Претходно, женската кошаркарска репрезентација на САД ја победи Јапонија и освои злато додека уште едно злато донесе велосипедистката Џенифер Валент.
Со тоа САД имаат 39 златни, 40 сребрени и 33 бронзени медали, додека Кина има 38 златни, 32 сребрени и 18 бронзени медали. На третото место е Јапонија (27-14-17).
Слично
