САД ја гледа Венецуела како закана за националната безбедност
Претседателот на САД, Барак Обама ги зголеми санкциите против Венецуела поради кршење на човековите права. Тој исто така најави дека владата на таа земјата ги прекршила правата и ги опиша како закана за националната безбедност на САД, соопштува Ројтерс.
Обама наредил санкционирање на 7 официјални претставници на Венецуела, вклучително и замрзнување на нивните американски средства и забрана за влез на територијата на САД.
Поранешни и сегашни венецуелски официјални претставници, кои ги кршат човековите права на граѓаните на Венецуела и се поврзани со корупција, нема да бидат поздравени од САД. И сега ги имаме алатките да ги блокираме нивните средства и употребата на нивните американските финансиски системи, изјавил портпаролот на Белата куќа.
Белата куќа ја повика Венецуела да ги ослободи сите политички затвореници.
Венецуела е во сериозна криза поради зголемувањето на цените и ограничениот пристап до стоки. Пред две недели Владата на јужноамериканската земја и даде две недели на американската амбасада во Каракас да го намали дипломатскиот персонал од околу 100 на 17 вработени. Исто така се воведуваат и визи за американските граѓани.
