САД: Извештај за најдобрата и најлоша професија на годината
Американската компанија за планирање кариери Кариер Каст го објави извештајот за 2013 година за годишното истражување на најдобрата и најлошата професија во земјата.
Американската компанија за планирање кариери Кариер Каст го објави извештајот за 2013 година за годишното истражување на најдобрата и најлошата професија во земјата. Според овој извештај најдобра професија е статистичар во Завод за осигурувавање, додека најлоша, од аспект на плата и ризици, е новинарството во печатените медиуми.
Станува збор за 25-тиот ваков годишен извештај кој е заснован врз истражување базирани на податоци собрани од јавните и цивилни претставништва на работници, професионални комори и различни анкетни истражувања во САД.
Во извештајот се наведува дека, според критериумите работна средина, месечни примања, општествен углед и стрес, за 2013 година најдобра професија во САД е статистичар во Завод за осигурување, кој во просек добива по 91 илјада долари годишно. Второ е биомедицински инжењер со годишно примање од 85 илјади долари, додека на трето место е софтверски инжинер, кој во просек заработува по 89 илјади долари годишно.
Истражувањето покажа дека оваа година најлоша професија во САД се новинар во печатени медиуми, дрвосечач, работник на нафтени сонди, поштар разнесувач, хостеса, млекар и други.
За најлошо е оценето новинарството во печатените медиуми, кое освен ризикот на работа го карактеризира и лошата репутација во општеството, а годишните примања изнесуваат нешто повеќе од 35 илјади долари.
Слично
