САД избрза со санкциите против Русија, ЕУ и Германија се незадоволни
Европските партнери на САД, особено Германија предводена од германската канцеларка Ангела Меркел не се задоволни што американскиот Сенат на своја рака без поширок евроатлански консензус реши да воведе серија на нови санкции против Русија бидејќи се убедени дека токму руски хакери помогнати од власта во Кремљ направиле обид да влијаат врз американските претседателски избори во ноември.
Германската канцеларка Ангела Меркел е загрижена дека новите санкции на САД кон Русија можат да доведат до казни за европските компании, денеска изјави портпаролот на германската Влада.
Штефен Зајберт пред новинарите во Берлин санкциите против Русија ги нарече „несфатливи“ и „особени“ и кажа дека Меркел ги споделува стравувањата изразени од германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел, и австрискиот канцелар, Кристијан Керн, во нивната вчерашна заедничка изјава.
– Важно е евентуалните нови мерки да бидат усогласени со меѓународните партнери, со цел да се обезбеди нивно влијание на меѓународно ниво и да се задржи единството на партнерите по прашањето за санкциите, изјави портпаролот на Европската комисија.
Сепак, од САД сметаат дека станува збор за внатрешно прашање бидејќи Русија нанела голема штета на демократскиот процес и ваквото поведение не смее да се толерира, па дури дека санкциите од Сенатот требало да пристигнат многу порано.
