Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД испраќаат копнени сили на Блискиот Исток

САД испраќаат копнени сили на Блискиот Исток

Соединетите Американски Држави(САД) испраќаат копнени сили на Блискиот Исток.

САД потврдија дека ќе испратат копнени сили на Блискиот Исток, откако Иран го одби предлогот за мировен план на американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Индипендент“.

Пентагон соопшти дека во регионот ќе бидат распоредени делови од елитната 82 воздушно-десантна дивизија, како и логистички и поддржувачки единици и 1 борбена бригада.

Потврдата доаѓа откако ирански претставници објавија дека го примиле американскиот предлог за ставање крај на војната, но го оцениле како неприфатлив.

Според пакистански извори вклучени во посредувањето, американскиот предлог предвидува олеснување на санкциите кон Иран, цивилна нуклеарна соработка, нови ограничувања на иранската нуклеарна програма, како и повторно отворање на Ормутскиот теснец.

Војната почна на 28 февруари годинава. Израел и САД почнаа со напади на Иран. Овие две земји сметаат дека Иран е закана за нив ако поседува нуклеарно оружје. 

Слично

Поврзани вести