Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД испитува зошто „Исламска држава“ користи претежно една марка на џипови

САД испитува зошто „Исламска држава“ користи претежно една марка на џипови

Одделот за борба против финансирање на тероризмот на Министерството за финансии на САД почна истрага со цел да се утврди зошто сириските и ирачките исламисти се движат исклучиво со еден вид на нови џипови.

Стотици „Land Cruiser“ и „Hilux“ на јапонската „Тојота“ (Toyota) се главно средство за сообраќај на борците и тоа се гледа и по повеќе слики и видеа. Во извесна смисла овие модели почнуваат да се претвораат за многу луѓе во симбол на терористите, пишуваат американските весници.

Министерството побарало од јапонскиот производител да им помогне во разјаснувањето на тоа како џиповите стигнуваат до овој дел од Блискиот Исток, објавија од ТВ мрежата „Еј-Би-Си“.

Портпаролот на американската единица одговара дека дале податоци за синџирите на снабдување и процедурите за обезбедување дека автомобилите не спаѓаат во паравоени групации или терористи каде и да е во светот. Но, „Тојота“ не може да го следи своето производство, која кола била украдена или препродадена.

Во репортажата на „Еј-Би-Си“ се наведува дека исламистите користат исто така и автомобили на „Mitsubishi“, „Hyundai“ и „Isuzu“.

Официјалната продажба на „Toyota“ за Сирија се запрена уште во 2012 година - откако протестите против владеењето на претседателот Башар ал Асад прераснаа во вооружен конфликт.

Веднаш потоа, сепак, е забележано нагло зголемување на продажбата на споменатите два модели во соседен Ирак - од 6000 џипови во 2011 година на 18 000 во 2013 година .Во минатата година на ирачкиот пазар се продадени околу 13 000 вакви автомобили.

Слично

Поврзани вести