Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД, Индија, Бразил се на врвот - во светот над 340 милиони се инфицирале со корона

САД, Индија, Бразил се на врвот - во светот над 340 милиони се инфицирале со корона

Коронавирусот и натаму „пустоши“ во светот. Повеќе од 340 милиони луѓе во светот се заразиле со овој вирус, соопштија од Светската здравствена организација(СЗО). 

Рекорд е урнат на 20 јануари, кога за 24 часа се потврдени 3.933.319 случаи. На врвот на листата е САД со скоро 68,2 милиони случаи. Понатаму следат Индија со 38,6 милиони случаи, Бразил со 23,4 милиони, Британија со 15,6 милиони и Франција со 15,2 милиони. Досега над 5.6 милиони луѓе починаа од вирусот. 

Малите островски земји долго време живееја без присуството на овој вирус на своја територија. 

Но, сега и Кирибати се затвора поради коронавирусот, кој го донеле луѓе кои пристигнале од странство. 

Во меѓувреме, има различни прогнози за тоа кога ќе заврши пандемијата. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести