Економија, финансии, бизнис

Контакт

Клати врата земај плата, Кинезите му ја вршеле целата работа!

Клати врата земај плата, Кинезите му ја вршеле целата работа!
Со проверката на безбедноста на една американска компанија било откриено дека еден од нејзините вработени, извршувањето на сите негови работни обврски им ги дал на Кинезите, преку аутсорцинг на работата, пренесе BBC. Службеникот е програмер на околу 40 години. Тој платил само една петтина од својатагодишна плата поголема од 100 илјади долари, на компанија со седиште во Шенјанг, Кина, за да му ја врши работата. Мобилниот оператор „Verizon“ соопштува дека шемата била откриена, откако американската компанија побарала да биде извршена технички ревизија, сомневајќи се на пробив во безбедноста. Минатата година компанијата која врши инфраструктурни проекти, побарала од операторот да ги испита необичните активности во нејзината внатрешна виртуелна мрежа (VPN). „Компанијата им дозволуваат на своите програмери во одредени денови да работат од дома. Затоа на на нив им била дадена стандардна VPN конекција уште во 2010 година ", вели Ендрју Валантан од „Verizon“. Потоа компанијата забележала отворена и активна со месеци VPN конекција помеѓу Шенјанг и домот на службеникот. Тогаш компанијата побарала од „Verizon“ да го испита случајот, за кој првично се претпоставувало дека е индустриски шпионажа од страна на Кина. „Истрагата беше фокусира на вработените, чии лозинки се користат за иницирање и одржување на VPN конекција со Кина. Програмерот беше тивок и талентиран човек, владееше неколку програмски јазици, а  одвојувал помалку од една петтина од платата за кинеската компанија која му ја вршела целата работа", посочува Валантан. Постојат докази дека тој ја применувал истата измама истовремено во неколку компании, заработувајќи по неколку стотини илјади долари годишно. Во исто време и плаќал на кинеската компанија само околу 50 илјади долари.
Слично

Поврзани вести