САД и се закануваат на Русија со проектили
Пентагон развива планови за нуклеарен напад против Русија во одговор на распоредувањето на оперативно-тактички ракетни комплексните „Искандер-М“ во Балтичката енклава Калининград среде кризата во Украина.
Во цитиран таен извештај на шефот на Советот на генералштабовите на американските вооружени сили ген. Мартин Демпси се наведува дека со најспособните авиони носат нуклеарни боеви глави ракети со дострел до 500 километри. Москва го прекршува потпишаниот договор за искоренување на ракетите со среден дострел од 1987 година.
Затоа Вашингтон предвидува неколку видови одмазднички мерки - распоредување во Европа или Азија на ракети за пресретнување на Искандер, за да ги порази нивните бази со балистички ракети со среден дострел и „ограничен“ нуклеарен удар во неколку руски воени објекти.
Пентагон јавно зборува само за дипломатски пат за убедување на Кремљ да го почитува потпишаниот Роналд Реган и Михаил Горбачов договор. Но на сослушување во Сенатот во февруари министерот за одбрана Аштин Картер изјавил дека повредите на договорот од времето на студената војна е „двонасочна улица“ и дека САД треба да преземат „симетрични“ одмазднички мерки. Според информација на „АП“ вчера Картер се сретнал во Германија со командантите американските единици во Европа, за да дискутираат за контрастратегијата против Русија.
Русија негира дека го прекршила ракетниот договор и за возврат го обвинува Вашингтон дека ги гази обврските со распоредувањето на колективна противракетна одбрана во Источна Европа. „Обрнете внимание на веста од „АП“, ќе ја анализираме и тогаш ќе коментираме“, изјавил портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Во меѓувреме украинскиот претседател Петро Порошенко се пожали дека Русија наредила голем број свои војници на границата со Украина. „Од минатиот август не беа толку многу, тоа не може да се случува без причина, заканата од руска инвазија е невидена“, изјавил тој и го повторил своето тврдење дека во Донбас веќе биле инфилтрирани барем 9000 руски борци. Украинскиот генералшаб призна дека во четвртокот, во прекршување на примирјето од Минск, е користена тешка артилерија, но само затоа што противниците го правеле истото.
