Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД и Кина ќе се мират во јануари

САД и Кина ќе се мират во јануари

Американска владина делегација ќе го посети Пекинг во првата половина на јануари за да води трговски преговори со кинески официјални претставници, соопшти агенција „Блумберг“.

Делегацијата ќе биде предводена од заменик- претставникот на САД на трговските преговори Џефри Герит и ќе пристигне во Кина на 7 јануари, прецизира „Блумберг“, кој се повикува на сопствени извори.

На 1 декември американскиот претседател Доналд Трамп и претседателот на НР Кина Си Џинпин се договорија за време на самитот на Г-20 во Аргентина да преземат заеднички напори за постигнување договор што би овозможил да престане трговската војна меѓу двете држави, потсетуваат агенциите.


Слично

Поврзани вести