Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД и арапските земји заеднички ја бомбардираат Исламската држава

САД и арапските земји заеднички ја бомбардираат Исламската држава
САД и неколку арапски земји утрово започнаа заеднички воздушен напади против позиции на Исламската држава во Ирак. Нападот се состои од бомбардирања и ракетни удари на цели важни за џихадистите, објави американскиот адмирал Џон Кирби. Со вклучувањето на арапските држави отворен е нов, значително покомплициран фронт во борбата против екстремистите. „Имајќи предвид дека овие операции се во тек, не сме во позиција да дадеме дополнителни детали во овој момент“, изјави Кирби. Заедно со САД во воздушните напади учествуваат и Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Јордан, Бахреин и Катар, открил анонимен американски воен извор. Цел на нападот бил градот Рака, главно упориште на Исламската држава на ирачко-сириската граница. Затоа што дејствуваат во погранично подрачје, САД за нападот го информирале и сирискиот амбасадор во Обединетите нации. Првичните информации се дека во Рака веќе има десетици загинати и повредени екстремисти. Арапските сојузници во овие напади се смета дека се од огромна важност за кредибилитетот на кампањата предводена од САД. Американскиот претседател Барак Обама денеска патува во Њујорк, каде што подоцна ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН.
Слично

Поврзани вести