Економија, финансии, бизнис

Контакт

САД го запреа падот на цената на нафтата

САД го запреа падот на цената на нафтата
Цената на нафтата на светските берзи денеска за првпат се зголемија по повеќенеделен пад, откако оптимизмот го поттикна информацијата дека САД имаат помали залихи од овој енергенс од очекуваните. Барел американска „лесна“ нафта за испорака во декември на меркантилната берза во Њујорк поскапе за 18 центи, на 78,86 долари, додека барел северноморска нафта од типот „брент“ за испорака во декември на берзата во Лондон поскапе за 13 центи на 83,08 долари. Американското Министерство за енергетика соопшти дека залихите на нафта во САД заклучно со 31 октомври се зголемиле за 500.000 барели, што е многу помалку од прогнозите на аналитичарите, кои очекуваа раст од дури 2,2 милиони барели. „Лесната“ нафта вчера падна на најниско ниво од октомври 2011 година, а „брентот“ достигна рекордно ниско ниво на цените од октомври 2010 година, откако Саудиска Арабија ги намали цените за декемвриска испорака во САД обидувајќи се да се избори со растечкиот удел на трговците со нафта од шкрилци.  
Слично

Поврзани вести